Реализирана е исплата од 1.021.527.000 денари кон 2.139 одгледувачи за мерката 2.6 – директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.
„Остануваме посветени на оваа сточарска гранка“, соопштија од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
