Во премиерното издание на „21МИНУТА“ на ТВ21, зборувавме со Димитар Ковачевски, заменик министер за финансии.
Со него разговаравме околу буџетот, дефицитот, како и за идните потези на Владата за ублажување на последиците врз економијата настанати од здравствената криза.
Ковачевски рече дека властите се подготвени на различни сценарија во годината која следува, а која ќе биде полна со предизвици за економијата.
„Буџетот за 2021 година е реален, делуваме стратешки во повеќе насоки. Во услови на неизвесност, во П1 програмата на Владата, имаме планирано повеќе мерки за поддршка на економијата и населението во вториот квартал од годината“, рече Ковачевски и додаде:
„Годината 2021-ва сама по себе носи предизвици поради здравствената криза. Не очекуваме во првиот квартал да има ребаланс на буџетот. Доколку би се случил, тоа би било не порано од вториот квартал“, вели Ковачевски.
