Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција порача дека исправна е одлуката за воведување на рестрикции во движењето.
Тој смета дека одлуката за рестриктивни мерки е оправдана, а Комисијата за заразни болести во овие два дена ќе направи детална анализа по што во недела ќе одржи состанок на кој ќе бидат разгледани следните чекори.
„Вирусот е тука, се шири, а непочитувањето на мерките, ќе значи продолжување на кризата“, порача Филипче.
Тој додаде дека од понеделник најверојатно нема да има рестриктивни мерки.
