Мицкоски: Сите очи треба да се вперени во судската власт – има многу чесни судии и обвинители, за жал неколкумина ги контаминираат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите очи треба да се вперени во судската власт, нагласи премиерот Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, оценувајќи ги состојбите во правосудството и зборувајќи за враќање на довербата на граѓаните во институциите и правдата.

„Таму има многу чесни судии и обвинители. За жал, има неколкумина, коишто ги контаминираат чесните судии обвинители. Е, ние треба таму да се насочиме. Тие што ги контаминираат овие коишто се чесни судии и обвинители“, оцени тој.

Според Мицкоски, владата и парламентот не се местото каде што треба да се бара правда.

„Ако ние сме влада која што се однесува како претходната влада, носи закони за амнестија, злоупотребува европско знаме и така натаму – тогаш, да, во ред. И, таа цена ќе си ја платиме ние на избори. Но, еве ние велиме не – не сакаме да бидеме таква влада. Ние сакаме да обезбедиме предуслов да можат овие што треба да ја донесат правдата, тоа е судската власт, да ја донесат. И ние така се однесуваме“, рече Мицкоски.