Во општина Гази Баба официјално беше отворен Triangla Fashion Park, нов модерен трговско-деловен комплекс кој носи нова содржина во урбаниот простор на Скопје.
Проектот е реализиран со инвестиција од 10 милиони евра, на површина од 15.000 квадратни метри, а претставува спој на современ деловен простор, хотелски капацитети и функционални паркинг-решенија.
Во рамките на комплексот се изградени деловен центар и хотел со површина од 5.000 квадратни метри, како и подземен паркинг со повеќе од 200 паркинг-места.
Со отворањето на Triangla Fashion Park, Гази Баба добива нов модерен комплекс наменет за деловни активности и посетители, кој со својата инфраструктура и содржини придонесува кон развојот на оваа скопска општина.
