На 18.09.2026 во 08:46 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на бензинска станица на магистралниот пат Охрид-Струга, настанал дефект на вентил за плин, по што настанало истекување на плинот.
По налог на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски и екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, при што е констатирано дека испарувањето на плинот било преку проточен вентил од просторот на оградените инсталации за течен нафтен гас од вкопана цистерна.
По интервенција на овластен сервисер, безбедно бил извршено поставување на нов сет опрема .
