Албанскиот борач во слободен стил Чермен Валиев освои бронзен медал на Олимписките игри во Париз.
Борецот со руско потекло така на Албанија и го донесе првиот медал на најголемиот планетарен спортски настан.
Во дуелот за третото место Валијев беше подобар од Унгарецот Виктор Расадин со резултат 6:2. Тоа беше борба во категоријата до 74 килограми.
