„Историската комисија со Бугарија да не постои“ Црвеновски: Договорот со Бугарија ја отвори пандорината кутија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Договорот за добрососедство со Бугарија, не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, вели поранешниот Претседател, Бранко Црвенковски. Дебатирајќи околу предизвиците на надворешната политика на земјава, тој истакна дека формирањето на историската комисија со Бугарија која ќе арбитрира околу историските настани и личности било голема грешка.

Според него, единственото решение за историските прашања е секоја страна да го задржи правото на свое сопствено видување и притоа тоа да не биде пречка во билатералните и мултилатералните односи. И за екс-амбасадорката Елеонора Петрова, историската комисија треба или да не постои или секој да има свое мислење и став околу одредени проблеми во однос на историјата.

„Точно е дека низ историјата не можат да се решаваат работите, истакнува дипломатот Нано Ружин, бидејќи како што додава, не се работи за историјата туку за „мека сила“ или „софт пауер“ на Бугарија кон Македонија“, рече Петрова.

Овие изјави, поранешните амбасадори ги дадоа на дебатата во организација на Советот на амбасадори на тема „Предизвиците на македонската надворешна политика“. Дипломатите изразија песимизам дека Северна Македонија на јунскиот Самит ќе добие датум за старт на пристапните преговори.