Историски ден: Европскиот совет даде зелено светло за БИХ да ги почне преговорите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Историски ден за Босна и Херцеговина. Европскиот совет на денешната седница ја усвои одлуката за почеток на преговорите, со што земјата влезе во нова фаза на европските интеграции.

После повеќечасовна расправа и многу спротивставени ставови меѓу земјите лчелнки, сепак, Советот ја усвои одлуката со која одобрува препорака Европската комисија да почне преговори.

Расправата продолжува во врска со најважните заклучоци за тоа на кој начин ќе се преговра, но партиите во БИХ веќе објавија дека е добиено зелено светло.

Информациите за оваа историска одлука ја потврди и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.