Италија почнува со ново масовно тестирање – ќе бидат тестирани околу 150 илјади луѓе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италија од 4. мај почнува со ново серолошко тестирање на населението, во кое се очекува да бидат тестирани околу 150 илјади лица, најави денеска Доменико Аркури.

Тестирањето ќе биде извршено во сите 20 региони во склад со бројноста на населението и другите критериуми од Институтот за статистика.

Аркури е задолжен за контрола на пандемијата со коронавирусот, од која во Италија починаа повеќе од 26 илјади лица.

Аркури напомена дека ниту еден тест не е 100 насто сигурен, а серолошкиот тест е точен околу 96%.