Италија погодена од земјотрес со јачина од 6,2 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италија денес беше погодена од земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на отворено море покрај брегот на Калабрија на југот од земјата, на длабочина од 240 километри.

Како што објавија италијанските медиуми, земјотресот бил почувствуван и во Неапол и неколку општини во областа на Везув, особено во областите што се граничат со Калабрија, но и во Апулија и Сицилија.