Италија во тага: Почина еден од најпознатите фудбалери, пред смртта остави трогателна порака

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италијанскиот фудбал го загуби еден од своите омилени фудбалски херои. Почина Игор Проти (58) , легендарен напаѓач чии голови ја одбележаа ерата на италијанскиот фудбал.

За жал, тој ја загуби битката со малигна болест, имаше рак на дебелото црево, а тажната вест ја потврди во текот на ноќта неговото семејство, кое ја сподели со јавноста и последната порака што Проти ја остави пред смртта.

„Ова прекрасно патување, како и секој натпревар, дојде до последниот свиреж. Тешко е да се најдат зборови за да се опише. Единственото нешто што можам да го направам е да им се заблагодарам на моето големо и прекрасно семејство кое го обожавав, на сите луѓе кои ме сакаа и беа тука за мене, и на навивачите на клубовите за кои играв. Се надевам дека ова не е збогум, туку довидување“, рече Проти.

Игор Проти ќе биде запаметен како еден од најомилените италијански напаѓачи на својата генерација. Најголем белег остави во Бари и Ливорно, каде што стекна статус на клупска легенда и миленик на навивачите.

Тој особено се истакна во сезоната 1995/96, кога стана најдобар стрелец во Серија А со 24 гола, иако неговиот тим Бари на крајот испадна од лигата. Со тоа, тој испиша единствена страница во италијанскиот фудбал.

Проти во својата кариера играше во Римини, Ливорно, Месина, Бари, Лацио, Наполи, Реџиана и кариерата ја заврши во Ливорно.