Италија воведува полициски час на целата територија почнувајќи од 21 до 05 часот. Ова го најави заменик министерката за труд, Франческа Пуљези.
Одлуката била донесена на состанокот со премиерот Џузепе Конте, а ќе важи на целата територија.
Претседателот на земјата побара одлуката да важи низ цела Италија, а не на одредени региони како што беше претходно најавено.
Новите мерки предвидуваат забрана за движење од еден во друг регион, а сите кои маат нужност за патување, ќе мора да покажат потврда за оправданоста зошто мораат да бидат надвор од домовите.
Исто така се затвораат и училиштата, а школувањето ќе биде онлајн.
Новите мерки предвидуваат намалување на градскиот сообраќај за 50 %, затворање на шопинг центрите за викендите, затворање на музеите, баровите, салите за видео игри, изложбите.
