Италијанска новинарка ослободенa после три недели притвор во Иран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италијанската новинарка Сесилија Сала, која беше приведена во Иран од 19 декември, денеска е ослободена и е на пат за Италија, соопштија италијанските власти.

Кабинетот на италијанскиот премиер Џорџо Мелони потврди дека нејзиниот авион полетал од Техеран и треба да слета во Рим денеска околу 15:30 часот, пренесе АП.

Се уште нема официјално соопштение од иранската влада за ослободување на новинарката.