Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани повика на итно прекин на огнот во Украина, велејќи дека тридневното примирје објавено од Русија е „бесмислено“.
„Тридневниот прекин на огнот, кој потоа е прекршен во 200 случаи, е бесмислен“, рече Тајани на маргините на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП), објави Анса.
Тајани истакна дека предлогот на САД за прекин на огнот оди во сосема поинаква насока и дека Италија ја поддржува таа иницијатива.
