Италија, моментално најголемото жариште на коронавирусот во Светот, каде што починаа 12 лица, а заразени се 424, објави метода по која успеала да излекува три лица од коронавирусот.
Шефот на цивилната заштита Анџел Борели прецизираше дека три пациенти целосно заздравиле од новниот вирус.
Станува збор за три пациенти кои се лекувале во Рим и први случаи на коронавирусот во Италија. Сите три пациенти се вратиле од Кина.
„Три пациенти кои беа позитивни на коронавирусот, се излечени. Тоа е порака дека има лек“, рече Франческо Ваја, директорот на италијанската болница за заразвни болести во Рим.
Болницата користела антивирусна експериментална терапија. Лекарите експериментирале со антивирални агенси и лекови кои се користеле против вирусот ебола.
„Само 36 лица се на интензивна нега“, рече Борели.
Од петокот до синоќа беа направени 9687 тестови, од кои само нешто помалку од 4% биле позитивни на коронавирусот.
