Општина Кисела Вода информира дека поради обилните врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на Град Скопје, свикана е итна седница на Кризниот штаб.
„Нашите екипи се на терен и се реагира по добиените пријави за поплавени површини и објекти. Општина Кисела Вода е во постојана и интензивна комуникација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и со надлежните служби на Град Скопје, со цел брза интервенција и санирање на штетите.
На терен се мобилизирани сите расположливи општински служби, кои работат на расчистување на критичните точки и обезбедување на безбедноста на граѓаните.
Апелираме до жителите на Општина Кисела Вода, доколку забележат проблеми или имаат потреба од асистенција, случајот да го пријават на следните дежурни телефони:
Бобан: 072250719
Димитар: 072443500
Сите наши капацитети се ставени во функција на помош и поддршка на граѓаните.Општинските служби се на терен и ќе останат таму сè додека целосно не се нормализира состојбата“, велат од таму.
