„Итна“ состојба во Скопје – симулација на прва помош, во случај на земјотрес

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Исплашени лица, крвави и во паника.

Пристигнаа брзата помош, полицијата и пожарникарите.

Но, ова не е вистински настан, туку симулација. Црвениот крст во Градскиот парк во Скопје спроведе вежба за прва помош во случај на земјотрес.

Вежбата е наречена “Хуманитарен одговор 2023” организирана под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, како резултат на обележувањето на 60 годишнината на катастрофалниот земјотрес во Скопје и честите непогоди во земјата но и регионот.

Директорот на Црвениот крст, Саит Саити, истакна дека денешната вежба покажа подготвеност за помош на граѓаните во случај на непогоди.

Покрај физичката помош, претседателот Стево Пендаровски посочи дека во вакви случаи граѓаните ќе имаат и емоционална поддршка во Центарот за ментално здравје на Црвениот крст.

Во вежбата учествуваа повеќе од 500 лица, два хеликоптери и 40 возила. Главната цел на вежбата беше да се презентираат капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст за одговор при кризни ситуации.