ИУТЕ кредит затворено во Косово, негираат врски со Русија – Меџити: Радојчиќ поврзан со брзи кредити во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Финансиското здружение на брзи кредити „ИУТЕ КРЕДИТ“ беше затворено во Косово пред една година поради сомневање дека зад нив стои руски капитал, а служи за перење пари за бизнисмени и моќници од Русија и Естонија. Истата компанија, која работи и во Македонија, негира дека има некаква врска со Русија.

„Се наоѓаме пред една од подружниците на финансиското здружение „ИУТЕ КРЕДИТ“ Истото беше затворено во соседната држава, во Република Косово. Ова здружение само во текот на 2022 година има дадено брзи кредити во вкупна вредност од 41 милион евра, додека приходот истата година изнесува 15,5 милиони евра. Го прашавме раководството на оваа банка дали имаат руски врски, но тие изјавите ги нарекоа дезинформации“, јавува репортерот на ТВ21, Зекирија Хаџиу.

-Не, нема руски капитал кој го поддржува ИУТЕ. Овие тврдења се клевета додека задните намери се засновани на дезинформации. Сопственици на ИУТЕ се Тармо Силд и Алар Ниинепуу, двајцата естонски државјани од раѓање. Естонија е членка на НАТО и како што споменавме, нема руски капитал во ИУТЕ-велат од ИУТЕ кредит.

За брзите заеми зборуваше и лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, кој во интервју за Алсат вели дека има индиции за инволвираност на капиталот, но и за директна вмешаност на Милан Радојчиќ, поранешен потпретседател на Српската листа на Косово.

-Заедно со казината има уште една појава. Токму феноменот на брзи кредити е легализацијата на лихварството во РСМ и тука има индикации дека рускиот капитал е директно вклучен и дека спомнуваниот во Северна Митровица е директно вклучен. Сите знаеме дека таму проработи бандитизмот, функционираше перењето пари, функционираше се што е поврзано со црната економија, а има врска и со брзите кредити кои не случајно од Косово се пробија, и се целосно затворени-вели Меџити.

Според Меџити, во Македонија се отвора се што се затвора на Косово и додаде дека со отворањето на патот за руските инвестиции, земјата го загрозува стратешкото партнерство со САД, со оглед на тоа што земјата е членка на НАТО.

Инаку, само во текот на 2022 година, финансиското здружение „ИУТЕ КРЕДИТ“ одобрило брзи кредити на граѓаните во износ од 41 милион евра, додека во текот на истата година има остварено приход од 15,5 милиони евра.

ИУТЕ, исто така, негира дека нивните директори некогаш се сретнале со Милан Радојчиќ.

Голем број граѓани се пожалија до Народниот правобранител дека во нивно име се земаат брзи кредити, па токму поради оваа причина Министерството за финансии соопшти дека казниле пет финансиски здруженија за давање кредити преку телефон или по електронска пошта.