Новинарот и аналитичар Зоран Иванов денеска во „Click21“ на ТВ21 истакна дека референдумот нема да реши ништо.
Според него, нема ни да се успее во обидот 900 илјади гласови да се соберат.
„Класично е партиска иницијатива за кревање на рејтингот и мобилизација за евентуални парламентарни избори“, вели Иванов.
