Ивица Јанев по двете преживеани сообраќајки: Го прифатив тоа дека едната нога ми е пократка ама не се откажав!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Познатиот нутриционист, фитнес и бодибилдинг тренер, како и балкански шампион во бодибилдинг, Ивица Јанев во емисијата „Urban Late Morning“ на ТВ21 си ја отвори душата за двете преживеани сообраќајки.

Јанев откри дека по втората сообраќајка една нога му е пократка, но не се откажал поради тоа.

„Кога ќе се скрши тој фемор, доаѓа до дисбаланс на карлицата. Едната нога ќе биде пократка или подолга, и тоа треба да го прифатиме ние. Не е крај на светот! Мојата нога е пократка, но тоа нема да ме спречи да кревам над 200кг.“, вели Јанев.