Полицијата презема мерки за расчистување на случајот во Шуто Оризари, откако 25-годишна жена била физички нападната и насилно одведена од нејзиниот поранешен невенчан сопруг, кој претходно побегнал од Затвор Струмица.
Случајот во СВР Скопје го пријавила мајката на жената на 6 октомври во 22:50 часот.
Според пријавеното, 25-годишната жена била пресретната на подрачјето на Шуто Оризари од нејзиниот поранешен невенчан сопруг Е.К., исто така на возраст од 25 години.
Е.К., според пријавата, претходниот ден побегнал од Затвор Струмица. При средбата со жената, тој физички ја нападнал со тврд предмет, по што насилно ја зел со себе.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
