Избегнувајте ги: Ова се совети кои ве тераат да се здебелите наместо да слабеете

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

КОГА станува збор за слабеење, често наидуваме на совети кои можат да направат повеќе штета отколку корист. Имено, додека некои од ветувањата кои ги нудат бројните диети се реални, други едноставно не држат вода. Како што пишува Health Shots, постојат неколку класични грешки кои повеќето луѓе ги прават, а кои резултираат со дополнителна тежина наместо да ги ослободат саканите килограми. Еве ги грешките.

Не јадете доволно

Најчесто нереални очекувања се дека за само неколку дена ќе можете да ги изгубите килограмите што сте ги наталожиле со годините. Иако оваа идеја звучи одлично теоретски, во пракса е нешто поинаква. Ова е причината зошто луѓето си поставуваат нереални цели за себе, како што е губење на тежината за само неколку дена или недели.

Нутриционистите објаснуваат дека прекумерното ограничување на внесот на храна доведува до драстичен дефицит на калории, што може да направи да се чувствувате уште погладни, уморни и мрзливи. Поради ова ќе ослабете за една недела, но ќе се чувствувате лошо, немате енергија и многу побрзо ќе ја вратите изгубената тежина откако ќе ја прекинете диетата. Затоа, најдобар начин е да го промените начинот на исхрана, а не наеднаш да исфрлите еден куп нездрава храна и потоа да гладувате.

Конзумирате премногу диетална храна

Многу намирници се рекламираат како диетални и здрави, но всушност и нанесуваат повеќе штета на вашата линија отколку што може да замислите. Храна со малку маснотии, производи кои тврдат дека не содржат шеќер, наводно здрави житарки полни со шеќер и рафинирани јаглехидрати, диетални или овошни сокови се само некои од нив. Експертите предупредуваат дека препораката за што поголемо консумирање на овој вид на храна е всушност само добар маркетинг, а дефинитивно не совети за исхрана кои треба да ги следите.

Јадете храна која нема нутритивна вредност

Храната со „празни калории“ е популарен термин кој се однесува на храна која речиси и да нема никаква хранлива вредност освен калории. Експертите велат дека таквата храна има висока енергетска содржина и мала хранлива густина, а со тоа не промовира губење на тежината, напротив. Бидејќи тие не содржат никаква хранлива вредност, тие само ќе ве натераат да гладувате и да копнеете за нездрава храна.

Прескокнувате оброци

Иако можеби мислите дека со консумирање што е можно помалку храна поттикнувате слабеење, тоа не е точно. Нутриционистите нагласуваат дека прескокнувањето оброци во еден ден е најчеста и најголема грешка што ја прават луѓето чија цел е да ослабат. Според Health Shots, неодамнешните истражувања покажаа дека прескокнувањето на оброците го прави токму спротивното, а тоа е зголемување на телесната тежина наместо слабеење.

Имено, доколку не јадете предолго, нивото на шеќер во крвта ви опаѓа и се чувствувате уморни бидејќи телото не може ефикасно да функционира без енергијата што ја добива од храната што ја јадете. Ова го фрла вашето тело во одредена состојба на „преживување“ каде што почнува да ги разградува мускулите за да ја добие потребната енергија. Губењето мускули значи дека вашиот метаболизам ќе се забави со текот на времето, а исто така и вашето патување за слабеење, објаснуваат нутриционистите.

Го избегнувате глутенот

Глутенот треба да го избегнуваат луѓето со целијачна болест и чувствителност на глутен, но луѓето кои имаат намера да изгубат вишок килограми не треба. Имено, целосното избегнување на глутенот може да предизвика и зголемување на телесната тежина, бидејќи производите без глутен во повеќето случаи се полни со шеќер и други вештачки состојки.