Изби пожар на Огражден, постои опасност по црвката Св. Петар и Павле – ќе се гаси со два ер-трактори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денес околу 16.30 часот изби шумски пожар во атарот на с. Бајково, општина Ново Село, на падините на планината Огражден, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

„Поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во секој момент ќе полетаат два ер трактори на ДЗС кои ќе помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД Рис, како и неколку граѓани кои помагаат во заштита на црквата“, велат од ДЗС.