„Избори на 21 јуни доколку нема консензус“ – Деркоски демантира: Никаде не пишува за датум за избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

10 дена до завршување на вонредната состојба и се уште нема доближување на ставовите за датумот за избори. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и натаму покажуваат оптимизам за консензус но не даваат нови предлози за датум. Од македонската опозиција велат дека не е на место да се прави консензус за здравјето и животот на граѓаните.

Отворени за договор се и социјалдемократите, но доколку не се најде заеднички јазик, велат дека избори ќе има по завршувањето на вонредната состојба.

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски вели дека ова не е вистина.

Одењето на избори без консензус меѓу партиите, само со владин декрет, генералниот секретар на ДПМНЕ вчера го нарече незаконско и спорно. Меѓутоа ни во тој случај опозицијата не може да се повлече од изборите.

Говорејќи за тоа, пратеникот на СДСМ, Костадинов денеска рече дека со или без бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија ќе се најде на избирачките ливчиња.

Од кабинетот на Претседателот за ТВ21 велат дека сега за сега планирана е нова лидерска средба. Двата претходни обиди за договор пропаднаа. СДСМ бара избори на средина на јуни, бидејќи како што велат, постои страв од нов бран на коронавирус на есен. ВМРО-ДПМНЕ бара тоа да се случи токму тој период, на крајот на август или почетокот на септември. ДУИ не дава конкретен датум. Движење Беса заедно со ДПА го поддржуваат предлогот на СДСМ, а партнерите АА – Алтернатива за датум го предложија 26 јули.