Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека започнува изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево, која ја оцени како важен инфраструктурен проект и чекор кон целосно автопатско поврзување на Скопје и Охрид.
Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски посочи дека со реализацијата на автопатските делници Кичево – Охрид, Гостивар – Букојчани, Тетово – Гостивар и Букојчани – Кичево ќе се овозможат побрз транспорт, поголема безбедност во сообраќајот, привлекување нови инвестиции и забрзан економски развој.
Тој нагласи дека по години одложувања, земјата има потреба од конкретни инфраструктурни проекти кои ќе донесат придобивки за граѓаните и идните генерации.
Премиерот истакна дека развојот на инфраструктурата и подоброто поврзување на градовите остануваат меѓу приоритетите на Владата, додавајќи дека реализацијата на ваквите проекти е важна за економскиот напредок на државата.
