Избори во ИВЗ – тетовскиот муфтија Ќани Несими кандидат за поглавар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Муфтијата во Муфтивството во Тетово, професорот Ќани Несими денеска ја објави својата кандидатура за поглавар на ИВЗ. Во изјава за медиуми, Несими рече дека целта на неговата кандидатура е да донесе транспарентност и развој во Исламската верска заедница.

„Одлучив да бидам еден од кандидатите многу сериозен, одлучен и истраен за заштита на вредностите на оваа институција која ќе ги негува културно-верските и националните вредности на сите нации кои живеат во Северна Македонија. Транспарентноста ќе биде еден од основните и клучните елементи каде секој ќе има можност да има увид во она што го има направено, што го прави и што планира да го направи за муслиманите под небото на нашата држава“, вели Ќани Несими – муфијта од Тетово.