Државната изборна комисија (ДИК) едногласно ги усвои одлуките и упатствата за одржување на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, закажани за 18 октомври.
За организација и спроведување на изборите предвидени се 21,1 милион денари, односно околу 343 илјади евра. Од вкупната сума, 3 милиони денари или околу 48,8 илјади евра се наменети за платено политичко рекламирање во медиумите.
Останатите средства ќе бидат искористени за трошоците поврзани со спроведувањето на изборниот процес. ДИК усвои и измени во годишниот план, како и средства за Општинската изборна комисија во Брвеница, регионалната канцеларија во Тетово и ангажирање ИТ-инженери.
Членовите на Општинската изборна комисија ќе поминат и задолжителна обука за спроведување на изборите на 18 октомври.
