Изборна атмосфера во Чаир и Бутел – биометриските уреди го успоруваат гласачкиот процес

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ги подготвуваат гласачките места. Први гласаа членовите на избирачките одбори.

Со оглед на тоа што за првпат во земјава се гласа со отпечатоци на прсти, членовите на избирачките одбори имаат потешкотии. На гласачкото место 2919/1 во Основното училиште „Петар Здравсковски-Пенко“ во Бутел биометриските апарат не работеше.

Гласачкиот процес започна 30 минути подоцна.

Гласањето почна со стариот метод, односно со УВ-лампа со рачна идентификација на гласачите.

82-годишниот Шефки Шакири дојде со својата сопруга за да го оствари своето гласачко право.

Имаше и граѓани кои талкаа од едно на друго гласачко место, а еден од нив е овој 88-годишник.

Во ова училиште има гласачи со адреса во Чаир и Бутел. Инаку, во Чаир право на глас имаат 57.767 избирачи поделени на 86 гласачки места. Бутел пак, брои 33.275 гласачи поделени на 45 гласачки места.