Избран нов директор на МРТ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Програмскиот совет на Македонската радио телевизија соопшти дека, по завршувањето на законската постапка, за нов директор на МРТ е избран Зоран Ристоски.

Според објавата, во конкурсот биле разгледани шест кандидатури. Изборот е направен врз основа на квалитетот на работните програми, преку анонимно гласање.

По изборот на највисоко оценетата програма, беа проверени податоците на кандидатот и исполнувањето на законските услови.

Советот нагласува дека процесот бил транспарентен и во согласност со законот, со цел кредибилен избор на раководител на јавната служба.

Од новиот директор се очекува професионална работа за подобрување на содржината на програмата и условите за вработените.