Избришаната група „Јавна соба“ повторно активна – се разменуваат експлицитни фотографии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Групата со име „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм повторно е активна, откако последно беше избришана по објавите во медиумите дека таму се разменуваат експлицитни фотографии дури и на малолетници.

МВР е запознаена со случајот и веќе се преземаат мерки и активности.

Инаку пред една година беше откриен скандалот со оваа група и по преземање на случајот од МВР, Телеграм ја затвори групата.

Неофицијално по социјалните мрежи се пишува дека има неколку вакви групи.