Избувна пожар во зграда во Германија, најмалку петмина загинаа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во зграда во Ламбрехт, Германија, ноќеска беснееше пожар кој што одзеде најмалку пет животи.

Неофицијално пожаро избил во кујната во еден од становите. Загинале маж и жена кои живееле во станот, како и нивни гости кои се наоѓале во моментов на пожарот.

„Станарите од останатите станови сами се спасиле“, изјави портпаролката на полицијата.

Пожарот е локализиран, и полицијата ја утврдува причината за овој немил настан.