Изет Меџити министер за внатрешни работи? – Ниту негира, ниту потврдува, Ахмети ироничен: Ќе се чувствувам безбеден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во пресрет на парламентарните избори на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати истакна дека е подготвена да ја покани коалицијата ВРЕДИ за партнер во Владата. Но, иако изборите се уште не се завршени, во јавноста се вели дека ВМРО ДПМНЕ и ВРЕДИ веќе почнале да ги делат ресорите.

Иако Изет Меџити во интервјуто за косовски портал не го спомна ресорот, се вели дека Меџити цели кон Министерството за внатрешни работи. А за да го потврдиме тоа, го прашавме самиот Меџити. Тој не демантираше такво нешто, но рече дека ќе разговараат во деновите што следуваат.

Ќе зборуваме во наредните денови“, порача Меџити

Го прашавме лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како ги коментира овие шпекулации. Со доза на иронија, вели со Меџити како министер за внатрешни ќе се чувствува многу безбеден.

Аааа, ќе бидам многу безбеден со г. Меџити јас . . .“, вели Ахмети.

Дека постои веројатнос ВРЕДИ да го добие МВР може да се претпостави и од изјавата на претседателот на Алернатива, Африм Гаши.

Инаку уште пред претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ изјавуваше дека повеќе би сакале ВРЕДИ да биде нивен коалициски владин партнер. Заедно со нив во владиниот состав може да влезе и Максим Димитриевски од ЗНАМ.