Изет Меџити најавува инвестиција од 50 милиони евра во Чаир, еден од инвеститорите Беџет Пацоли

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Преку социјалните мрежи, Изет Меџити најави инвестиција вредна 50 милиони евра во Чаир. Како што е објавено, еден од инвеститорите е бизнисменот од Косово Беџет Пацоли. Меџити нагласува дека оваа инвестиција предвидува изградба на 12 катни гаражи и над 3 илјади паркинг места.

„Стратешка инвестиција од 50 милиони евра во Чаир. Само што ја завршивме пријателската средба со Беџет Пацоли и неговиот тим со многу позитивни вести за Општина Чаир. По интензивните разговори во изминатиот период, постигнавме договор за стратешка инвестиција во Чаир вредна 50 милиони евра. Оваа инвестиција предвидува изградба на 12 катни гаражи и над 3.000 паркинг места. Ова засекогаш ќе го реши главниот проблем на Чаир. Законодавството на Република Северна Македонија предвидува објавување на овие стратешки инвестиции со посебен закон “, напиша Изет Меџити.