Во Тирана се одржа состанок меѓу еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, и министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа, јавува ТВ21. Извори присутни на состанокот ја опишаа атмосферата на состанокот како конструктивна и во духот на разбирање.
„За време на средбата беа разгледани политичките актуелности, како и досегашните нејаснотии во комуникацијата меѓу Албанците во Северна Македонија и официјална Тирана. Страните ја истакнаа потребата од покоординиран пристап и заедничка посветеност кон конкретни идеи насочени кон подобрување на животот на граѓаните. Постигнат е договор за интензивирање на комуникацијата и продлабочување на институционалната соработка, со цел градење нови мостови на доверба и зајакнување на координацијата за наредниот период. Средбата се оценува како чекор кон надминување на претходните разлики и недоразбирања, отворајќи го патот за поунифициран пристап меѓу албанските политички фактори во регионот. Исто така, беше нагласено дека Албанија останува важен партнер и сојузник за Албанците во Северна Македонија, а беше подвлечена и улогата на политичкото претставување како кредибилен глас во заштитата на интересите на албанската заедница“, вели изворот во ВЛЕН.
