Изгласана е потребата од донесување на закон по скратена постапка – задолжителното носење маски на отворено на чекор до усвојување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На почетокот од седницата изгласано е дека измените на законот за заштита на население од заразни болести треба да бидат донесени по скратена постапка.

За да се најде законот како точка на дневен ред гласаа вкупно 92 пратеници од кои 60 гласаа „за“, додека 32 пратеници беа воздржани.

Законот сега треба да оди на комисиска расправа, по што ќе биде вратен на пленарна седница.

Попладнево по 15 часот продолжи седницата, на која на почетокот оставка поднесоа неколку пратеници, кои ќе станат директори.