Изгоре багер во Арачиново – Беќири: Градежните работи на стадионот на „Шкендија“ ќе продолжат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изгоре багер кој се користел за изградба на стадионот на „Шкендија“ во Арачиново. Од полицијата соопштија дека случајот бил пријавен денеска околу 02:36 часот.

Во инцидентот нема повредени лица. Пожарот бил изгаснат од екипите на Противпожарната бригада на Скопје.

Градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, овој настан го толкува како нечиј обид да го попречи проектот за изградба на стадионот, чиј камен-темелник беше поставен во петокот минатата недела.

Преку Фејсбук, Беќири повика случајот што поскоро да се расчисти, а одговорните да се соочат со правдата.

Работите ќе продолжат, напиша тој, уверувајќи дека проектот ќе биде завршен и дека стадионот на Шкендија ќе биде изграден, а на крајот порача дека нема да отстапи пред, како што вели, притисоци, закани или пречки.