Изградба на нова водоводна мрежа во Тетово – сегашната мрежа полна со дефекти, новата ќе чини 1.07 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Тетово ќе добие средства од Владата во износ од 1,07 милиони евра за изградба на нова водоводна мрежа. Сегашната мрежа од Попова Шапка е стара 50 години и според градоначалникот на општината, Биљал Касами, има многу дефекти.

„Имаме студија, мастер план што го подготвивме за водоводната мрежа и во таа студија има некои наоди кои одредуваат какви треба да бидат инвестициите за да се утврди водоснабдувањето за граѓаните на Тетово, а беше предложено главната цевка да се смени бидејќи постои од почетокот на изградбата на водоводната мрежа пред 50 години и секако дел од загубите се резултат на загубите на оваа мрежа“, вели Биљал Касами.

Директорот на ЈКП „Шар“, Ваљон Зеќири, вели дека во оваа мрежа има загуба од 30% и тоа оневозможува градот на нормален начин да се снабдува со вода за пиење. Додека другиот проблем е што и други 30% од водата е административна загуба или се злоупотребува.

„Оваа инвестиција е направена за да се подобри состојбата, бидејќи се знае дека цевките што носат вода од Попова Шапка се многу стари, тогаш оваа инвестиција е направена за да се подобри состојбата на водата и врз основа на студија што ја направивме пред 6 месеци наидовме дека имаме многу загуби и некаде околу 30% имаме загуби во мрежата и 30% е административниот дел каде губиме вода“, вели Валон Зеќири.

На веб страната на Претпријатието „Шар“ речиси секојдневно има известувања за дефекти во водоводната мрежа. Водоснабдувањето во Тетово и понатаму останува еден од најголемите проблеми. Иако речиси секој градоначалник инвестираше во водоводата мрежа, населбите во подножјето на Шар Планина и понатаму остануваат без доволно вода за пиење.