Изградени се 5 градинки, но ниедна не е отворена. Во Чаир, Арачиново, Матејче, Тетово и Теарце.
Во знак на протест, вчера градоначалниците на Арачиново, Ридван Ибрахими и на Липково, Еркан Арифи пред Министерството за социјална политика побараа што поскоро отворање на градинките.
За овие градинки денеска го прашавме министерот Фатмир Лимани.
Новинар: За Чаир рековте дека на 20 ноември ќе се отвори, каде е проблемот?
Лимани: Беше грешка, лапсус направив тој ден, на 20-ти требаше да заврши првата фаза, а потоа да се потпише втората фаза за уредување на градинката.
За градинката во Арачиново Лимани побара да не се политизира бидејќи документацијата е во процедура.
-Во процедура е, тој знае многу добро, самиот е човек од институциите и не смее да прави вакви грешки. Има процедура, оди до Министерство за финансии потоа се враќа во нашето министерство, се архивира а потоа се потпишува, изјави Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади.
Лимани уверува дека сите градинки ќе бидат отворени, вклучително и тие во Тетово и Теарце но без да даде конкретен рок.