ДУИ под мотото „Заедно за Европа“ продолжи со средбите со жителите во тетовското село Селце. Тука се соочи со нивните барања за основни услови- училиште, спортска сала, вода за пиење и пат.
Доколку тоа не го направат, во име на месната заедница, жителите испратија порака дека ДУИ ќе биде казнета од оваа село на следните избори.
„Веќе 22 години нашето село ги има истите барања кои се многу важни. Пред 22 години побаравте од нашето село да го земеме оружјето в раце, и тоа го направивме, побаравте да се повлечеме, се повлековме. 22 години баравте политички поддршка од ова село и тоа ви го дадовме. Побаравте образовани луѓе бидејќи војниците немаат познавање од политиката, ви дадовме, се иселија од селото и ние останавме во беда да страдаме и за најосновните работи за живеење. Вие се радувавте а ние не. Ние уште еднаш ги бараме истите услови од вас и да бидете убедени дека тоа го правиме за последен пат. Вода за пиење, пат кој ќе не поврзе со градот, основно училиште и спортска сала. Доколку овие барања не се реализираат до следните избори, бидете убедени дека нашите селани знаат да ве казнат, како што тоа го направија со месната заедница во село Селце последните избори“.
Министерот за образование, Јетон Шаќири, вети дека годинава ќе почнат градежните работи за училиштето, при што спомна дека тоа училиште веќе е дел од владиниот план.
„Комуницираме со локалната власт, се разбира дека е усвоен планот за изградба на училиштето и треба да се издаде и дозволата за градба, но најдобрата вест е тоа што следната недела во Влада ќе помине и програмата на МОН каде е предвидено и основното училиште за село Селце и со комплетирањето на документите јас сум убеден и се надевам дека наскоро ќе стигне документацијата и во 2023 година заедно ќе ги почнеме работите за основното училиште на село Селце“, истакна Јетон Шаќири.
Учениците од оваа село учат во 2 објекти. Едниот објект е стара барака изградена во ’60-тите години, а другиот објект почна да се гради во 2000 година, но поради воениот конфликт и поради одронот на земјата остана само конструкција.
