Излезни анкети: Самоопределување со најмногу гласови на парламентарните избори во Косово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Партијата Самоопределување освои најмногу гласови на парламентарните избори во Косово, покажуваат излезните анкети, јави агенцијата ДПА.

Левичарската партија освои најголем дел од гласовите – 42 проценти, соопштија анкетарите од Институтот Пипос по затворањето на избирачките места во 19 часот.

Долгогодишната владејачка партија ПДК (Демократска партија на Косово), според излезните анкети, освоила 16,5 проценти од гласовите, а конзервативната ЛДК (Демократска лига на Косово) 15 проценти од гласовите.