Ограбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот.

„Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.