Излезноста на изборите во Албанија e нешто повеќе од 41 проценти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Официјалниот процес на гласање на парламентарните избори во 2025 година заврши во 19:00 часот низ цела Албанија. Веднаш по затворањето на гласачките места, Централната изборна комисија (ЦИК) издаде соопштение за учеството на граѓаните на изборите.

Според главниот комесар Илирјан Целибаши, излезноста на национално ниво до 19:00 часот била 41,37%, според податоците собрани од избирачките места во последниот час од процесот.

„Го следиме процесот на доставување на гласачките кутии и изборниот материјал. Излезност од 41,37%, ова е помеѓу 18:00 и 19:00 часот. За неколку минути ќе има ажурирање, не мислам дека ќе има голема промена. Според нашата проценка, процесот е во согласност со сите правила и стандарди“, изјави Целибаши.