Државниот архив на Македонија, во рамките на Скопско лето, со гордост ја претставува изложбата: „Ризница на постоењето – од документ до историја“.
Официјалното отворање ќе се одржи на 21 јуни (недела) во 20:30 часот во Музејот на македонската борба. Изложбата ќе биде достапна за посетителите до среда, 24 јуни.
По повод 75 години од постоењето на оваа значајна институција, ќе бидат претставени дел од најзначајните документи кои се чуваат во Централниот архив и неговите девет одделенија – сведоштва што ја градат историјата и културната меморија на нашата
држава.
