Работната група за реформи во изборното законодавство влегува во завршна фаза со подготовката на измените на Изборниот законик. На денешната седница беа разгледани последните отворени прашања и предлози со цел усогласување на изборните правила со препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
Членовите на работната група дискутираа за доставените предлози од политичките партии, при што било констатирано дека голем дел од решенијата се веќе усогласени и постои висок степен на согласност меѓу учесниците.
Во текот на утрешниот ден политичките партии треба електронски да се произјаснат за преостанатите предлози, по што ќе биде подготвен конечниот текст на законските измени.
Очекувањата се дека усогласеното решение ќе биде доставено во понатамошна законска процедура, со што би продолжил процесот на реформирање на изборниот систем.
Работната група претходно беше формирана со цел унапредување на изборното законодавство и имплементација на меѓународните препораки за обезбедување поефикасен и потранспарентен изборен процес.
