Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески ја обвини власта дека не ги зела предвид нивните предлог-измените за Законот за акциза и Законот за ДДВ кои ги доставиле уште пред две недели. Сега Владата глуми дека ги спасува граѓаните, а самата таа ги доведе во оваа ситуација, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ на пленарната седница за измени и дополнувања на Законот за ДДВ и Законот за акцизи.
Собранискиот спикер, Талат Џафери рече дека предлозите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се ставени во редовна постапка на седницата што ќе се одржи на 15 март и додава дека оваа седница ја свикал гледајќи ја како порака и од опозицијата, и од власта.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, пак, Јован Митревски изјави дека е несфатливо решенијата да ги гледаат на различни начини, додавајќи дека треба да се донесат одлуки кои ќе им помогнат на граѓаните во време на криза.
Со овие измени на законите, ДДВ-то ќе се намали од 5 на 0% за основните прехранбени продукти, а акцизата за нафтените деривати од 18 ќе „падне“ на 10%.
