Израел ја демантираше веста за напредување на израелски тенкови кон Дамаск

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Израелската армија денеска ги демантираше информациите за напредување на израелски тенкови кон сириската престолнина Дамаск, додавајќи дека израелските сили се стационирани во тампон зона на работ на окупираниот дел од Голанската висорамнина припоена кон Израел.

„Извештаите што ги шират некои медиуми дека израелските вооружени сили напредуваат кон Дамаск или се приближуваат до Дамаск се целосно лажни“, напиша портпаролот на армијата на арапски јазик Авичаи Адрае на социјалната мрежа X (X).

Израелските вооружени сили се стационирани во тампон зоната и на одбранбените точки во близина на границата за да ги заштитат границите на Израел, додаде портпаролот.