Израел: Ликвидиран е командантот одговорен за блокадата на Ормутскиот теснец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неименуван израелски функционер за „Тајмс оф Израел“ изјави дека командантот на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири, е убиен во нападот во иранскиот град Бандар Абас.

Според ова тврдење, Тангсири бил одговорен за затворањето на Ормутскиот теснец, еден од клучните светски правци за транспорт на нафта.

Нема официјална потврда од Иран, ниту коментар од израелската војска за наводниот напад.