Израелскиот министер за здравство Моше Бар Симан-Тов, кој ја предводеше земјата во пандемијата на коронавирусот, соопшти дека ќе поднесе оставка, пред заклетвата во четврток на новата Влада на оваа земја.
Бар Симан-Тов рече дека ја исполнил својата цел во ублажувањето на последиците предизвикани од коронавирусот.
Тој му посака среќа на новиот министер за здравство.
Бар Симан-Тов најави оставка само неколку дена откако кабинетот изгласа да се ублажат мерките, и покрај тоа што се противел на одлуката. Медиумите ја опишуваат оваа главна причина за неговата оставка.
