Изречени 157 прекршоци во Скопје – 46 за брзо возење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На територијата на град Скопје изминатата ноќ се изречени вкупно 157 мерки, меѓу кои 46 санкции за возење со брзина поголема од дозволената, пет за возење без возачка дозвола и четири за нерегистрирани возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Изречени се и 10 санкции за користење мобилен телефон при возење, 21 прекршок што го чинат возачите на мотоцикли и 41 санкција за непрописно паркирање.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.